Соопштение на СДСМ:

Министерката за енергетика, Сања Божиновска ја излажа јавноста. Таа со недели тврдеше дека се откажала од бугарското државјанство и пасош, за јавноста да дознае од бугарските медиуми дека не само што не е откажана, туку и целото нејзино семејство поседува бугарско државјанство.

Во Македонија е законски да се има повеќе државјанства и се отвара голема дилема, зошто Божиновска лажеше и криеше за ова.

Министерке Божиновска, двојното државјанство не е спротивно на закон, но криењето и лажењето на јавноста од страна на министер е спротивно на сите етички и морални принципи во политиката.

Како граѓантие ќе веруваат во вашата работа и во вашите следни изјави ако уште во првата незгодна ситуација избравте да криете наместо да ја кажете вистината?
Министерката Божиновска покрај овој скандал, се уште не даде одговори за долгот од еден милион евра на компанијата која таа ја водела од Бугарија кон. Мепсо. Не даде одговор дали е етички друга компанија од дејноста на енергетиката која исто така била под нејзино водство да биде обвинета за „картелско здружување“. Последните информации кои се уште не се потврдени, а СДСМ ги проверува се дека најавената инвестиција од кинсека компанија за ветерниот парк во Штип исто така е на сомнителен начин поврзана до Божиновска и нејзините претходни бизнис партнери.

Заради сите овие скандали, јавноста нема доверба во министерката и потребно е таа да се даде оставка. Да се повлече од морални причини а сите останати сомнежи да бидат истражени од институциите. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски донесоа некомпетентни, неморални кадри од чие работење и минато денес ги имаме овие случувања во јавноста.