ОВР Неготино поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(20), Н.Ј.(23) и К.Р.(22), тројцата од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“, казниво по член 237 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

На 25.02.2024, пријавените со закана со пиштол кон вработените, од казино во Неготино одзеле пари.