Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска (09.06) и утре (10.06) ќе ја предводи делегацијата која оди во работна посета на Италија.

Целта на посетата е промоцијата на првата македонско-италијанска стопанска комора, Апи Нордест.

За време на посетата вицепремиерот Битиќи ќе оствари работни средби меѓу кои и со Виторио Запалорто, префектот на Венеција, Елиса де Берти, претседател на регионот Венето, Ермелинда Дамиано, претседател на советот на Метрополата Венеција како и со Унијата на стопански комори на Италија.