ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против лицето на возраст од 74 години од с.Ваташа, кавадаречко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. На 13.03.2026 на место викано „Катуниште“ во викенд куќа на пријавениот, полициски службеници извршиле претрес, при што биле пронајдени и одземени малокалибарска пушка „TOZ“ модел 1701 калибар 22 мм, ловна пушка калибар 16 мм, пиштол „Чешка Зброевка“, калибар 6,35 мм и парчиња муниција.