Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе.

На Листата на должници бр.06/2023 објавени се 1764 должници – правни лица (помалку за 27 од претходната листа) и 3368 физички лица (помалку за 36 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.06/2023 изнесува 8.480.970.134 денари, (помалку за 67.781.126 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.314.172.089 денари, (помалку за 25.928.225 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 166.798.045 денари (помалку за 41.852.901 денари од претходната листа).

Целата листа е достапна со клик тука.