На 30.08.2022 во 13.40 часот на бул.„Кочо Рацин“ во Скопје, полициски службеници од Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, кој управувал мотоцикл со скопски регистарски ознаки, кој околу 08 часот истиот ден го одзел на подрачјето на Карпош.

Мотоциклот бил вратен на оштетениот, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.