На 24.08.2022 во 15.50 часот, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба ја лишиле од слобода С.П.(27) од с.Мралино, општина Илинден. Таа се сомничи дека околу 15 часот од домот на И.П. на ул.„Перо Наков“ одзела пари. Кај неа биле пронајдени парите.

Таа била приведена во полициска станица и по извршените проверки било утврдено дека претходно околу 12.00 часот нејзиниот татко С.П.(53) во полициска станица пријавил дека ќерка му се оддалечила од домот. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.