На 27.06.2026 во 01:30 часот, полициски службеници од СВР Велес, го лишија од слобода И.С.(47) од Велес, поради сомнение дека на улица „Александар Македонски“ во Градско, од патничко возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, одзел рачен часовник, сопственост на М.А.(46) од Скопје.

Одземеното е пронајдено кај И.С. и вратено на сопственикот, а И.С. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.