На 09.03.2022 во 09.30 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Л.М.(20) од Скопје, со привремен престој во Велес. Тој се сомничи дека на 06/07.03.2022 извршил кривично дело „тешка кражба“, при што од угостителски објект во Велес одзел пари.

Л.М. е приведен по полициска станица во Велес и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.