На 13.09.2022 во 15.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Н.П.(22) од Велес. Тој се сомничи дека помеѓу 13.45 и 14.45 часот од работилница на ул.„Илинденска“ во Велес одзел патничко возило „југо“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на Б.П.(57) од Велес. Возилото било пронајдено и вратено на сопственикот.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.