Како што дознава порталот Centar.mk денеска околу 15 часот е пријавено дека на патот Скопје-ГП Блаце се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски таблички, управувано од Б.Б. од Скопје и патничко возило „бмв“ со косовски регистерски таблички, управувано од Н.П. од Косово, кое по несреќата паднало во реката Лепенец, дознава Centar.mk.

Според неофицијални информации во возилото „бмв“ покрај возачот имало и тројца сопатници.

Едно лице е извадено од реката и пренесено во ГОБ „8 Септември“, а по останатите три лица се трага, велат првичните информации.