Вчера, околу 14.15 часот на улица „Радован Цониќ“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 20-годишниот тетовец Е.О.. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и семки од марихуана, соопшти МВР.

Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.