На 22.06.2026 во 18:20 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода лице(18) од Росоман. Со наредба од Основен суд Кавадарци бил извршен претрес во неговиот дом и помошни простории, при што биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.
Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...