Вчера, во 16.20 часот на улица „Крали Марко“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода П.К.(23) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети со остатоци од марихуана, соопшти МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање нас лучајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.