Вчера во 08.30 часот во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода А.П.(47) од Дебар. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.