Актерката Аманда Дејвис почина на 42-годишна возраст.

Причината се уште не е позната, а се вели дека смртта била ненадејна, пренесува Today.

„Со голема тага ја потврдуваме веста за смртта на Аманда, која ненадејно почина. Семејството е скршено и бараме приватност во овој момент“, напиша семејството во соопштението.

Аманда Дејвис се прослави со улогата на тинејџерската верзија на ликот на нејзината мајка Ерика Слезак, Викторија Вики Лорд, во серијата „Еден живот за живеење“.