Руската агентка Алиа Роза е родена во Русија, а кога имала само 18 години запишала воена академија, каде што неколку години тренирала за шпион.

Роза откри дека во 90-те години ја испраќале во мисии за да пронајде нарко банди и трговци со луѓе пред да биде прогонета од Русија.

„Кога имав 18 години, ме испратија во воена академија, каде учев за посебни техники. На тој тренинг научив како да заведам, манипулирам и убедан луѓе, но и да пукам со различни оружја. Мојот дедо е национален херој на Втората светска војна и неговото име е запишано во Сталинград“, вели Алиа.

Девојката открива дека била меѓу одбраните жени кои имале посебна обука за тајни агентки, па го искористила и нејзиниот физички изглед до максимум.

„Секоја жена може да натера маж да се вљуби во неа и да ја запроси. А кога ќе почнете разговор со некој маж, би ви рекла да бидете љубезни, а потоа по малку ладни. Целта е да се запраша мажот што се случува. Тајни, мистерии, тоа е важно. Но мора да бидете и добри во сексот. Тоа нè учеа на воената академија. Заведувањето е планирана стратегија која бара време и важно е да се оди чекор по чекор. Мажот секогаш ќе ви ги открива тајните во таков случај“, открива Алиа.

Нејзината приказна делува како криминалистички роман, а Алиа тврди дека нејзината главна мисија вклучувала инфлитрирање во моќни нарко банди за да го заведе нивниот лидер.

Иако има семејство во Русија, сепак убавицата вели дека сака САД и ЕУ да го затворат небото над Украина и така да ја запрат војната во државата.