Секој стабилен брак се заснова на љубов, доверба и безусловна поддршка.

Физичкото или емоционалното неверство е лесно да се препознае, но измамата со пари е тешко да се забележи од прво. Криењето информации за долгови и салдо на банкарска сметка е еден од облиците на изневерување, особено ако верниот партнер игра отворени карти кога се парите во прашање.

Авторите на студијата за „финансиска измама“ споменатата појава ја дефинираа како криење на финансиската состојба (приходи, трошоци и долгови) од партнерот.

– Финансиската измама негативно влијае на емоционалното и физичкото здравје, таа е исто толку опасна за врската како и сексуалната афера. Конфликтите за пари се најчеста причина за развод денес. Со оглед на улогата на финансиите во одржувањето на стабилноста на брачната заедница, партнерите се многу добро свесни за последиците од финансиското неверство – вели професорката по маркетинг Џени Олсон.

Треба да се напомене дека финансиското неверство, покрај скриеното и незауздано трошење пари, опфаќа и поширок опсег на појави. Тајната заштеда може да донесе многу придобивки во иднина, но се крие од партнерот, па се класифицира како измама.

Проблемите од овој вид создаваат многу работа за финансиски експерти и консултантски магионичари кои полека но сигурно ја преземаат улогата на брачни терапевти. Сè поголем број парови бараат совет за идни заеднички потфати, но и отворено зборуваат за своите навики, трошење, заштеди, долгови и планови.

– Јасно е дека финансиското неверство е пречка за ефективно планирање – велат експертите и ги повикуваат трговските синџири и компаниите да влијаат на потрошувачите кои може да доживеат ваков вид партнерска измама.

И македонките сакаат да се договорат за цената

Често се случува и Македонките да сакаат да се договорат со своите сопрузи за цената на нешто.

-Мајка ми цел живот ја намалуваше цената на татко ми. Да плати 5000 за нешто ќе речеше 3000 и се ќе идеше на чекови па некако ќе успееше да ја камуфлира цената… Па и јас сакам да кажам дека нешто е поефтино од што е, а потоа ќе ја кажам вистинската цена или едноставно никогаш не кажувам (се смее) – изјави еден читател.

Дали некогаш сте го излажале партнерот за цената на некој производ или сте целосно отворени? Дали лажете за плата? Дали мислите дека тоа може да ја уништи вашата врска?