Во текот на вчерашниот ден (04.06.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 476 возачи. Од нив, 41 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 10 со дури над 70 километри на час над дозволеното. Притоа 235 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 241 надвор од населено место.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (04.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 171 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 52 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за возење под дејство на алкохол, 12 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал-црвено светло, пет мерки за некористење сигурносен појас…

Вчера (04.06.2023) во периодот од 15.00 до 21.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 85 возачи . Од вкупно 85 возачи , 56 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 29 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

На 04.06.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 36 прекршоци, од кои 19 надвор од населено место и 17 во населено место. На 03/04.06.2023 во периодот од 22.00 до 05.00 часот била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа биле санкционирани 14 возачи. Санкционирани биле и 27 други видови на прекршоци, од кои, 14 за управување возило без возачка дозвола, 3 за возач почетник, 2 за нерегистрирано возило, 3 за некористење сигурносен појас, 1 за некористење заштитна кацига и 4 за непрописно паркирање.