На 10/11.12.2022 во времето од 23.30 до 04.30 часот на поширокото подрачје на СВР Тетово од полициски службеници е спроведена акциска контрола во угостителски објекти за контрола на точење алкохол на малолетници и присуство на малолетници во угостителските објекти после 24.00 часот.

При што во еден угостителски објект во Тетово е констатирано присуство на три малолетни лица после дозволеното време и истите се предадени на родителите.

Против сите прекршители ќе биде поднесен соодветен поднесок.