На 13.06.2023 во 23.50 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при СВР Штип и од Полициската станица Штип го лишиле од слобода лице (18) од Штип.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, две дробилки, дигитална вага и други предмети. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.