Уште еден радиоводител од САД, и жесток противник на вакцинацијата против коронавирусот, почина од последиците од болеста Ковид-19. Марк Берние почина по тринеделна битка со болеста. Тој имаше 65 години.

„Со голема тага, ВНДБ објавува за смртта на Марк Берние, кој ги информираше и забавуваше слушателите на ВНДБ повеќе од 30 години“, објави станицата од Дејтон Бич, Флорида, САД.

Берние се заразил пред три недели. Домаќинот-водител, кој себеси се нарече „Господин Антивакс“, исто така, велеше дека американската влада „се однесува нацистички“, оти ги принудува луѓето да се вакцинираат.