Девојчето Маша Артико (14), балерина и актерка, почина по долга борба со малигнен тумор. Тажната вест на социјалните мрежи ја објави нејзината мајка Светлана која напиша дека нејзиното големо срце не издржало.

– Ангеле мој, мојата Макиша тивко не остави и отиде меѓу ангелите. Нејзиното големо срце не издржа – напиша мајката Светлана на Фејсбук.

Да потсетиме, борбата на Маша траеше од 2018 година, кога и беше дијагностициран тумор на бубрегот со метастази, а во мај годинава малата хероина повторно падна во кревет откако и се врати болеста по трет пат.

И покрај големата борба и лекување во странство, за жал девојката која ја обедини Србија не преживеа.

Колку била борец Маша покажуваат и видеата на кои таа игра Ужичко коло во болница поврзана со инфузија, а како што рекла тогаш нејзината мајка, таа секогаш се борела да остане весела и не дозволувала болеста да ја спречи од нејзините намери.

Редовно посетувала настава од болничкиот кревет и извршувала задачи, иако често трпела големи болки за време на терапијата.

Маша беше член на младинскиот театар „Дадов“ и одеше таму две години, пред да се разболи. Во меѓувреме доби улога во „Ургентен центар“, а со актерот Марко Јањиќ разви пријателство кое продолжи и по снимањето.