СВР Куманово поднесе кривична пријава против 57-годишен жител на с.Черкези, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“.

На 08.12.2025, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиштол „Екол“ калибар 9 мм и куршуми.