Инстаграм апликацијата е во прекин. Корисниците на социјалната мрежа Инстаграм ширум светот пријавија бројни проблеми.

Извештаите од корисниците покажуваат дека оваа социјална мрежа е невозможна за пристап.

Инстаграм е услуга за онлајн споделување фотографии и социјално вмрежување што им овозможува на корисниците да фотографираат, да применуваат филтри за нив и да ги споделуваат тие слики на неколку начини, вклучително и преку социјалните мрежи како што се Твитер и Фејсбук.