„Во Америка гласањето нема да биде околу Бајден. Сите ќе гласаат за или против Трамп. Тоа е проблемот на Бајден. Овие претседателски избори ќе бидат резиме на тоа кој сака или не сака да гласа за Трамп. Тука е Бајден, за жал, во асиметрична ситуација, а е актуелен претседател, со добри резултати“ рече новинарот Сашо Ордановски во поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“.

Тој додаде дека во моментот американската демократија е во статус на граѓанска војна, коај се води на културни теми и затоа Бајден не успева да се пробие, иако води успешна економска политика.

„Сега се водат војни за културни теми, за идентитетски теми“ рече Ордановски.

На неговиот став се надоврза ко-водителот, новинарот Борјан Јовановски кој истакна дека токму демократијата, заштитата на слободите и системот на баланс на институциите е на ниво на идентитетско прашање во САД.

„Во Америка има една критична маса, свесна за тој идентитет и рејтигот на Бајден порасна по годишното обраќање. Сега по тоа обраќање, тој води пред Трамп“ вели Јовановски.