Низ кратка рекапитулација, првата годината од новиот мандат ја одбележаа и инвестициите во уличната и патната инфраструктура и новите паркинг места во градот. Над 10 километри обновена и новоизградена патна инфраструктура, во урбаниот и руралниот дел, инвестиција во водоводна и канализациона мрежа во должина над 3 километри, како и нови 220 паркинг места.
Само во изминатата една година во овој дел ги издвојуваме:
– булеварскиот влез на Битола од страната на Прилеп,
– новата улица „СТУ 3“ со 100 нови паркинг места,
– улицата со паркинг простор за 25 возила на „Браќа Џаферови“,
– нов паркинг простор изграден на „СТУ 9“ АРМ четврт 3, со над 70 паркинг места,
– ги асфалтиравме улиците „Леринска“, „Козара“, „11-ти Март“ и „Панде Николов“, а се работи на „Чеде Филиповски“,
– комплетно се реконструираше улицата „Маркс и Енгелс“ ( водовод, канализација и коловоз),
– асфалтирани се три краци од улицата „Даме Груев“ во населбата Мал Париз,
– асфалтирана е и улицата „Панде Кајзеро“.
– изградена е новата улица „СРУ 5“ која ги поврзува од едната страна улицата „Партизанска“ а од другата страна улицата „Крушевска Република“,
– се работи на улицата „Дебарска“, асфалтиравме улици во Братиндол, во Трн, Ротино, селото Барешани патот до манастирот „Св. Меркуриј“, потоа во Карамани, Раштани, а извршивме и доградбата на коловозот на локалниот пат за село Буково.
Воведовме и современо решение со пешачки семафори на две локации на Широк Сокак.