Соопштение на СДСМ:

Додека Црна Гора започнува проверки на врските меѓу медиуми, телекомуникации и Алта банка, во Македонија сè е одамна докажано и документирано.

ВМРО-ОКГ е директно врзана за медиуми, телекомуникации и банка.
Орбан контролира околу 40 проценти од медиумскиот простор. Нови медиуми на Вучиќ влегоа на пазарот: Ало група, Информер и Euronews.

Телекомуникациската поддршка доаѓа од Орбановиот 4iG и од Вучиќевиот Телеком Србија – државен ресурс користен како приватен.
Алта банка служи како финансиер на системот, преку маркетинг агенции од ВМРО, примарно за Алфа ТВ и за порталите финансирани од Орбан.

Конкретен пример: истрагата за перење пари преку Словенија со фиктивни рекламни услуги, која Мицкоски ја блокираше во обвинителството.

Телеком Србија е сопственик на Euronews лиценцата. 4iG обезбедува телекомуникациска поддршка за пласирање на медиумските содржини.

Управувањето со сите овие медиуми се врши преку палката на БИА, човекот за Македонија, „началник“ Латас и Ивона, уредничка на Euronews и Алфа ТВ. Тоа е македонската верзија на српскиот Информер.

4iG на Орбан и Телеком Србија ги плаќаат истите лоби куќи во Америка за Мицкоски и за Вучиќ. 4iG е поврзан и со трговија со оружје и со потребата за рудник на антимон.

Во Унгарија веќе три министри се уапсени. Обрачот се стеснува околу Орбан.

Во Србија Вучиќ падна. Почнаа апсења и истраги. Целиот правосуден систем почна да работи, а новата влада сè уште не е формирана.

Уапсени се главни луѓе во полицијата. Ова е само почеток на крајот на една голема организирана криминална група – балканскиот картел.

Мафијашки синдикат во кој е Христијан Мицкоски, а ВМРО е сестринска партија на СНС.

Сите коцки се сложија a картелот се распаѓа. Паѓаат како домино. Мицкоски остана сам да ја чува касата.