Европската комисија во денешната есенска прогноза предвидува економски раст од 1,8 проценти за Грција во 2026 година. За 2027 и 2028 година проектираниот раст изнесува по 1,5 проценти.

Зголемените цени на енергенсите се посочуваат како главен притисок врз куповната моќ и потрошувачката на домаќинствата. Инфлацијата се очекува да достигне 4,1 процент во 2026 година, пред постепено да се намали.

Инвестициите, особено оние поддржани од европските фондови, треба да останат важна потпора на грчката економија. Комисијата очекува и продолжување на трендот на намалување на јавниот долг.