Како што соопшти полицијата вчера во 19.40 часот во с.Табановце, кумановско, на крстосница кон селото Лојане, липковско, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода лице(41) од с.Матејче, липковско, и лице(32) од Куманово.

При преглед во патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, биле пронајдени две лица мигранти од Непал. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.