На 14.06.2026 во 15:30 часот во касарна „Илинден“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода Е.К.Т.(28) од Норвешка поради сомнение за сторено кривично дело по член 350 од Кривичниот законик – „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“.
Тој е задржан во Полициската станица Карпош, при што изјавил дека, следејќи координати на мапа, случајно влегол во кругот на касарната. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...