Немам дилеми дека сите енергетските стратешки проекти што ќе обезбедат сигурна испорака на енергенси и пониски сметки за граѓаните треба да бидат ставени на брза трака за да стартува реализацијата несомнено посебно кога има бенефит за граѓаните, порача директорот на Агенцијата за енергетика Дарио Николовски во интервју за МИА.

Николовски смета дека процедурите во Собрание овозможуваат суштинска и конструктивна дебата, но дека опозицијата свесно одбира овие инвестиции да ги напаѓа преку предизборен наратив.

„Факт е дека собраниските процедури овозможуваат дебата која што за жал во предизборен период е злоупотребена со предизборен наратив наместо со аргументирана дискусија. Енергетиката не знае политика, познава само стратегија. Не за џабе се вели енергетска безбедност. Навистина ми е жал дека живееме во време во кое наместо опозицијата да се надмине и да покаже еден државнички конструктивен пристап во дискусија, и еве не мора да пофали дека во време на енергетска криза цените останаа стабилни, сметките беа субвенционирани и до 90% и се овозжи и дневна евтина дневна тарифа – ама барем да не се расфрлаат со националистички лажен патриотизам туку со визонерска стратешка дискусија. Видете, не би сакал да вулгаризирам – штета што во ниедна постапка не влезе Рајската градина на ЕСМ – па малку пошироко јавно да се дискутира за овој пристап на ВМРО-ДПМНЕ кон енергетските нивни проекти или кон проектите како Скопје 2014“ порача Николовски за МИА.