Сигурно ви се случило барем еднаш да ја извадите чинијата од машината за садови после миење и да биде валкана.

Експертите тврдат дека тоа често се случува, а како што велат, проблемот е во плакнењето на садовите, особено на чиниите, пред да се стават на миење.

Како што велат, нема апсолутно никаква потреба да ги плакнете чиниите пред миење, особено ако сакате тие да бидат совршено чисти откако ќе ги извадите од машината.

Резултатите од миењето се всушност многу полоши откако ќе ги исплакнете под вода, бидејќи повеќето денешни машини претежно имаат сензори кои лоцираат проблематични делови од областа и посветуваат посебно внимание на нив.

Ако ги измиете чиниите претходно, тие веројатно нема да најдат ништо на нив и нема да ги измијат доволно за да ја отстранат ситната нечистотија. Експертите советуваат дека е доволно да се отстранат само парчињата од храната ставајќи ги во машина за миење садови.