Кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров Александар Наумоски денеска во изјава за медиумите најави дека за следниот мандат ќе се изградат две нови детски градинки во општината за што веќе има и проекти.

,,Градиме две нови градинки, едната во Дексион, другата во Ново Село, со капацитет од вкупно 300 дечиња со што го решаваме деценискиот проблем на родителите од овие населби” изјави Наумоски додавајќи дека во сегашниот мандат преку изградбата на градинката во Волково и проширувањето на градинката во Мирче Ацев, капацитетот на градинките е зголемен за околу 300 места.