На 15.11.2026 во 10:25 часот во с.Неготино, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате лишија од слобода 73-годишен жител на с.Калиште, гостиварско.
При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „рено“ со германски национални ознаки, кое го управувал, и по извршени проверки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. Возилото е одземено, а лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.