Некои намирници се забранети, иако се сметаат за здрави.

Кога станува збор за совети за исхрана, не може да биде лошо ако се работи за умереност и здрава исхрана. Брза храна, шеќери, месни производи, грицки, тоа е нашата секојдневна рутина додека не се распаднеме и не преминеме на поздрава исхрана. Никогаш не смееме да заборавиме дека храната е нашето гориво и дека ќе функционираме и изгледаме онака како што јадеме. Не можеме да очекуваме дека месните производи ќе ни донесат нешто добро, или неумереност во слатките и грицките.

Ништо не предизвика толку контроверзии како теоријата на д-р Питер Џеј Дадам за исхраната за крвните групи, според која тој тврди дека на секоја крвна група и е потребна посебна диета. Иако нема научна основа, повеќе од седум милиони луѓе ширум светот прибегнаа кон оваа диета.

Нутриционистите се обиделе да ја утврдат вистинитоста на овие тврдења, односно наводно успеале да докажат дека крвните групи не се поврзани со исхраната. Но, и овде мислењата се поделени, додека од една страна имаме такви кои целосно ја негираат поврзаноста, од друга страна има такви кои ја поддржуваат оваа теорија. Во секој случај, се согласија во едно – препораката е здрава исхрана. Имено, д-р Питер во својата книга објаснил дека крвната група е генетска електрана со многу важно влијание на имунитетот, метаболизмот и дигестивните процеси и дека различната храна одговара на различни крвни групи.