Првата млада месечина во знакот на Водолија започнува на 21 јануари и носи нови работи и вистински промени.

Зошто промените? Водолија е воздушен знак под влијание на Уран, планетата задолжена за сите надворешни околности кои се ненадејни и непланирани. Затоа, логично е дека и оваа нова Месечина ќе биде иницијатор на многу нови работи кои ќе не променат и ќе не натераат малку да размислиме за сите овие промени.

Сатурн е втората планета која владее со Водолија, што укажува дека промените се такви што бараат одговорност и зрелост од нас.

Влијанието на оваа Месечина најмногу ќе го почувствуваат луѓето родени во знакот Водолија и под знакот Лав.

Водолиите долго време се под негативно влијание на Сатурн во нивниот знак, кој конечно излегува од нивниот знак на 7 март оваа година. Во овој момент најважно е да се посветите и да започнете со процесот на простување на себе и на другите. Долго време ги мачи неможноста да се опуштат и да се откажат од многу емотивни ситуации и врски кои траат предолго. Водолиите како знак не се луѓе кои длабоко и често се справуваат со емоциите, но овој период е идеален за да се свртат кон тоа и да си дадат шанса конечно да дознаат што прават со себе.

А кога станува збор за Лавовите, нивниот моментален статус е многу ослободувачки и оваа нова Месечина во Водолија им носи можност да започнат некои нови работи во однос на љубовта и партнерските односи. Најважно е да знаете како се чувствуваат и да ги исчистите работите од минатото. Енергијата на Лавот доаѓа до израз во следните 14 дена, особено за оние Лавови кои се во емотивни врски со Скорпиите и Биковите.

Оваа енергија на младата месечина е пријатна за сите нас, ни овозможува конечно да се разбудиме и да сфатиме дека минатото треба да остане минато. А она што не очекува, особено од март па наваму, се многу подобри и поотворени животни патеки.