Поткастот Научно докажано на нутриционистот Сашко Дрвошански е новото место каде може да се добијаткорисни едукативни и научно докажани информацииповрзани со нашето здравје.

Тоа е особено важно со доаѓање на празничната атмосфера, прославите, забавите, уживањето кои се дел од секојдневието, а алкохолот е во центарот на вниманието. За да се разјаснат вистините и митовите за алкохолот Сашко Дрвошански ги анализира во својот поткаст ефектите врз организмот.

Главната тема во последната епизода поткастот евлијанието на алкохолот. Сите знаеме дека тој е составендел од забавите и дружењата во периодот на празниците, Но добро е да знаеме како да ги намалиме негативните последици, мамурлукот кои тој ги предизвикува, и да знаеме кој алкохол какво влијание има на нашиоторганизам, за да можеме да направиме подобар избор когавеќе пиеме

https://www.youtube.com/watch?v=YSVGqmdybHY

Најпрво, тој содржи високо ниво на шеќери кои водат до зголемување на телесната тежина. Честопати се шири и митот дека умерена консумација на црвено вино е здраво но вистината е поинаква. За да се внесе соодветна количина на антиоксиданси во телото и да се имаат здравствени придобивки, тоа значи дека треба да се внесат токсични количини на алкохол што би го нарушило здравјето.

Ензимите во црниот дроб се одговорни за разградување на алкохолот и кај повеќето луѓе (со мал број исклучоци) ова е бавен процес што води до несакани последици како мамурлак или црвенило на лицето. Црвенилото на лицето не е подобрена циркулација, тоа е мит, туку  симптом на нетолеранција на хистамините.

Покрај тоа што ги разјаснува митовите во поткастот се споделуваат корисни информации за тоа како да се консумира алкохолот со што помалку негативни последици и да се ужива во празничната атмосфера.