На 06.06.2026 во 08.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Кучково,скопско под патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки бил пронајден починат маж (67) од с.Волково,скопско.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.