Од месец март 2024 година минималната плата ќе се зголеми на 22.500 денари за сите вработени, многу повеќе од 8.800 денари во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

– Најниската плата во земјава од март 2024 година ќе биде 22.500 денари. Повеќе од двојно зголемување од минималната плата во 2017 година – напиша министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук-профил.

Во шест години минималната плата се зголемува 4 пати, а 2024 година следи ново покачување

Со промената на власта од 2017 година, минималната плата постојано растеше и сега изнесува 20.175 денари.

Во шест години минималната плата се зголемува 4 пати, а наредната година следи ново покачување.

Прво се зголеми на 12.000, потоа на 15.200 денари, па на 18.000, а од оваа година таа изнесува 20.175 денари.

Според најавите во март 2024 година ќе следи ново покачување, со кое минималната плата ќе изнесува 22.500 денари.

Растот на минималната плата поттикнува и раст и на останатите плати. Полека се исправа неправдата, работникот да добие достоинствена плата за работата што ја извршува.

Пред само неколку години минималната плата изнесуваше 8.800 денари.

Тогаш, околу 90.000 работници во чевларската, текстилната и кожната индустрија беа дискриминирани и земаа плата пониска од законскиот минимум.

Тогашната власт пред светот ја прикажуваше Македонија како земја со евтина работна сила.

Денес, минималната плата важи за сите стопански гранки, а со донесеното законско решение, ќе расте секој март.