Ново пукање се случи во Соединетите Американски Држави. Според локалните медиуми, неколку лица загинале во пукотницата во психијатриската болница во Њу Хемпшир.

Засега не се знае точниот број на жртви. Патем, болницата во Њу Хемпшир е државна психијатриска болница лоцирана во главниот град на државата.

Пред болницата има многу полициски возила. Одделот за безбедност и управување со вонредни состојби во сојузната држава Њу Хемпшир соопшти дека болницата е затворена и дека местото на трагедијата е сè уште активно, иако опасноста веќе не постои.

– Осомничениот е мртов. Службите се мобилизирани веднаш, а на терен се итните служби и полицијата. Ќе дадеме што е можно повеќе детали додека се развива оваа ситуација – изјави гувернерот Крис Сунуну.