„Што се однесува до техничката влада и изборот на Талат Џафери како технички премиер, не гледам што и зошто би било спорно. Ние сме сведоци дека изминатите седум години, Талат Џафери одлично претседава во Собранието. Станува збор за некој кој одлично се справува со предизвиците. Како позиција не треба да ставиме етники предзнак, но сепак е позиција која треба да се погрижи за демократско спроведување на изборите во таа техничка влада која е пред коалициски договор на плитичките партии кој е постигнат со концензус, но позицијата премиер Албанец е коалициски договор помеѓу СДСМ и Демократска унија за интеграции– рече Марко Михаиловски Претседателот на СДММ во „Студио 10“ на ТВ24.

Марко рече дека популистичката политика на ВМРО се уште е присутна. За жал се уште постојат и пратеници во Собранието кои се против Европскиот Фронт и никогаш немаат конкретни причини што им смета во државата туку водат константна реторика за албанофобија и поделба на народот.

„Во однос на младинската гаранција – Македонија е единствената држава којашто ја користи програмата за младинска гаранција од ЕУ без да биде нејзина членка. Во однос на програмата е обезбедна платена пракса по којашто младите ќе можат да се вработат’’ – рече Марко Михаиловски

Марко додаде дека во текот на 11 години на владеење ВМРО освен што оставија презадолжена и заробена држава ништо друго не направија за младите. Поради тие причини и не расчистени социјално-правни односи не доаѓа до реализација на реконстукцијата на домовите, но и покрај сите тие пречки, СДСМ се труди да обезбеди квалитетен животен стандард пред се за студентите.

Марко истакна дека од 9 Антикризен пакет мерки, издвоени се 17 милиони евра за студентите и учениците. Целта е да имаме добро образование, добро здравство и добра инфраструктура за да создадеме добри можности за младите а процесот на партизација и на партиско вработување е темел уште од 11 годинишното владеење на ВМРО за коешто треба долг временски период да се искорени истото.