„Северна Македонија не сака само да ги исполни критериумите и стандардите на ЕУ, туку и да ги надмине. Сакаме да покажеме дека не само што ги исполнуваме барањата, туку сесрдно ги прифаќаме европските вредности на демократијата, владеењето на правото и човековите права“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за грчкиот весник „То Понтики“.

Тој додаде дека крајно нашата цел за членството во ЕУ е да се подобори животот на граѓаните, да се промовира економски развој и да се зајакнат врските со европските соседи.

„Ние сме целосно посветени на ова патување, а овие следни чекори се доказ за нашата одлучност и решителност. Заедно, градиме посветла и попросперитетна иднина за Северна Македонија во рамките на Европската Унија“ рече Маричиќ.

Вицепремеирот за грчкиот весник додаде дека потребен е политички консензус и разбирање дека надминувањето на предизвиците на патот кон члнество во ЕУ подразбира единствено и заеднички напори.

„Нашата посветеност мора да се прошири на навремено и ефикасно извршување на задачите што претстојат. Имаме сет на обврски кои треба да ги исполниме како дел од евроинтегративниот процес. Навременото исполнување на овие обврски ја покажува нашата вистинска намера да бидеме вредна членка на Европската Унија“ рече Маричиќ.