„ Негативни извештаи немаше никаде. Уназадување не е утврдено. Сите наши добри страни и успеси треба да ги пофалиме. Најлошиот извештај имавме во 2015 и 2016 година кога бевме означени за заробена држава. Ние ги слушаме критиките и од државите членки и од европските институции, да не беше така немаше да го поканиме холандскиот судија којшто учествува во работната група „Патоказ за владеење на правото“, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител Телевизија.

Тој додаде дека дополнително оваа влада побарала од ЕУ оценска мисија за судскиот совет. Препораките од извештајот кој ќе произлезе од оваа мисија ќе биде имплементиран.

„Свесни сме за сите недоследности и несовршености. Наша задача е со опозицијата во Собранието со законски измени да ги надминеме овие прашања“ заклучи Маричиќ.