„Оваа вечер тука сме инспирирани и со големо срце инспирација да кажеме – нема откажување. Не се откажаа ниту славните војводи на македонската револуционерна организација кога ја основаа Крушевската република. Ниту партизаните во вториот Илинден со АСОМ кога се оствари вековниот сон, држава на македонскиот народ и на сите други кои се собраа заедно да го остварат вековниот стремеж покажувајќи пример за пркос, визија и одлучност. Нема откажување велиме и ние кои денес сакаме да ја градиме нашата борба за успех на изборите на 8 мај. Гласна е пораката на граѓаните од првиот круг на претседателските избори, но СДСМ е партија којашто е прекалена во тешки битки, со славни победи но и со сериозни удари рече првиот вицепремиер Бојан Маричиќ, кој е дел од листата за пратеник на ИЕ1 од Крушево.

Тој додаде дека СДСМ секогаш е достоинствена кога е најмоќна, жилава кога е ранлива и цврста како бедем кога е најсилно предизвикана.
„Овие денови граѓаните каде и да одиме со право ни велат СДСМ жртвуваше многу од својот политички капител за да донесе тешки стратешки одлуки за државата и за евроатланскиот пат. Вие претседателе ги спомнавте сите од 91 до денес, и на сите им велам да, точно е. Но, точно е уште нешто дека сите тие тешки одлуки кои ги донесе СДСМ го положија тестот на времето и денес се столб на нашата државност“, посочи Маричиќ.
Тој додаде дека од 91 до денес сите клучни одлуки се донесени од СДСМ и граѓаните, носени со ладна глава и топло срце за Македонија.
„Одлуки за најважните и најдраматичните настани со кои сме го зацрствувале темелот и обезбедувале напредокот на Македонија. Сите тие тешки одлуки секогаш биле оспорувани од ВМРО – ДПМНЕи секогаш се кревале во националистички кампањи после тие тешки одлуки. Но, покрај тие националистички кампањи никогаш не поништиле кога биле во можност да го направат, ниту оспориле. Така ќе биде и сега! Македонија ќе продолжи поплочен по храбрите државнички одлуки на СДСМ. Го плукаа и омаловажуваа членството во НАТО за да денес велат дека сме горда НАТО членка која ќе ги почитува стандардите. Исто така ќе биде и со почетокот на преговорите со ЕУ, тоа што денес го плукаат утре ќе го фалат затоа што се лажни патриоти затоа што се демагози и популисти. Така било во минатото, така е сега, така ќе биде и во иднината“, потенцираше Маричиќ.
Тој заклучи дека повеќе од било сме на добар пат да бидеме дел приказната на европското обединување, солидарност и економска соработка. Во цела Европа. Пат на напредок, наместо изолација. Пат на заедништво, наместо на националистичко позиционирање и јачање. СДСМ жестоко ќе им се спротивстави на тие погубни политики и со сите можни и достапни средства ќе ги спречи. Затоа што СДСМ е партија на истрајни борци, на страсни демократи, партија на луѓе кои веруваат во својата земја, партија на храбри луѓе со големо срце за Македонија, тоа не јакне и затоа ќе победиме колку и да е тешка борбата.