Родилка од Делчево ноќта на 26 декември починала на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) во Клиничкиот центар во Скопје, откако била донесена во тешка здравствена состојба од штипската болница.

Новороденчето, пак, е сместено на Детската клиника и е на интензивна и механичка вентилација.

Информациите за државните гласила ги потврди директорките на двете клиники.