Во првите седум месеци од 2026 година Македонија ја посетиле вкупно 741.446 туристи, што е зголемување од 1,5 проценти во споредба со истиот период минатата година.

Од нив 523.751 биле странски туристи, чиј број е зголемен за 1,3 проценти, додека бројот на домашните туристи достигнал 217.695 и бележи раст од 1,8 проценти. Во истиот период се реализирани повеќе од 1,76 милиони ноќевања. Податоците се актуализирани денеска по повод Светскиот ден на туризмот.