Фејсбук статус на пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО ДПМНЕ:
Графички приказ на неколку анализи за цените на горивата во Македонија и регионот.
Факт 1: Македонија има најевтина цена на горивата во регионот.
Факт 2: Владата на Република Македонија има најголем обем на мерки за стабилноста на цената на горивата во регионот.
Факт 3: Премиерот Мицкоски денеска изјави дека има преговори со најголемиот снабдувач на нафта и нафтени деривати за дополнителен попуст, со што ќе бидеме држава со убедливо најниска цена на горивото во регионот.
Цената на горивата е вонредно висока и тоа е исто така факт.
Кризата на Средниот Исток има планетарно влијание и скоро сите земји на светот се афектирани од тоа.
Но исто така треба да се истакне и напорот кој се вложува за овие цени да бидат што е можно пониски.