„Мора да се отвори Уставот за да се отпочне со европската агенда. Без тоа нема евроинтеграции, нема напредок во државата. Ние, како држава го заштитивме идентитетот, македонскиот јазик и културата и сето она што е битно за една држава и мултиетничко општество“ рече заменик-министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ за ТВ Клан.

Таа додаде дека СДСМ изминатите седум години покажа дека е државотворна партија и дека сите дискусии околу реалните и нереалните предлози за отворање на Уставот може да се дискутираат по формирањето на новата влада.

Според Мадиќ, околку се отвори Уставот тогаш може да се дискутира за повеќе прашања и барања на сите политички чинители вклучувајќи ја на пример и препораката на ГРЕКО, министерот да не биде член по функција во Судскиот совет, прашањето со еврообврзницата и вакуумот за време на избори и друго.