„Јас и мојата политичка партија имаме покажано и докажано многу пати, а слушнавме и од нашиот политички опонент дека нема веќе потреба ниту од Пржинска, односно техничка влада“ рече заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска за ТВ Стар.

Таа додаде дека се покажува дека има демократски концепт во рамки на функционирањето на институциите, нема веќе злоупореба на било какви ресурси од било која институција.

„Не би сакале да се доведеме до ситуација и да се дозволи да се врати времето кога гласаа гласачи од Пустец или да треба три пати да прегласуваме одредени избори, да се исклучуваат лифотови, да се затвораат медиуми“ рече Лукаревска.

Заменик-претседателката на СДСМ рече дека кога се напуштија тие практики по промената на власта се вратија демократијата и слободата.